НАСКОРО 

Внатрешна експедиција®

8-неделна онлајн програма за личен развој која ќе ти помогне дојдеш до верба во себе, внатрешна усогласеност и себе-сакање.

Дали некогаш се прашуваш:

  • Кое е твоето доживување за себе? Колку се познаваш себеси? Од што си создаден/а? 

 

  • Каде се наоѓаш моментално? Дали си радосен/на и во височините на облаците или пак, си заглавен/а во длабочините на мочуриштето и не можеш да испливаш на површина? 

 

  • Зошто мене ова ми се случува? До кога мене ова ќе ми се случува?

 

  • Можеби се чувствуваш збунето, неприфатено, неразбрано. Се обидуваш и не успеваш, имаш чувство дека не си доволно (добра или добар). И повторно заглавуваш во истиот круг, и повторно завршуваш во слепа улица. 

 

  • Можеби тапкаш во место и се прашуваш што е следно. Кој пат да го фатиш? 

 

  • Времето поминува, а тоа ти создава фрустрација и гнев. Лут/а си на светот, а самодовербата и вербата во себе како да ти се потонати на дното. 


Стравот и анксиозноста кои ги чувствуваш, не значат дека нешто не е во ред со тебе. Сѐ што ти се случува е резултат на твојата внатрешна состојба, која можеш да ја промениш. Она што ти е потребно е да ѕирнеш подлабоко навнатре.

За да дојдеш до себе и својот мир не мора да се искачиш на Монт Еверест, ниту пак да одиш на Тибет и да медитираш со месеци. Нема потреба да потрошиш илјадници евра за скапите семинари на Тони Робинс и Џо Диспенза. Сѐ што ти е потребно е веќе внатре во тебе, ако само да се осмелиш, да се завртиш кон себе, и да пронајдеш сѐ што ти е потребно внатре во себе..  

Внатрешна експедиција е 8-неделна онлајн програма за личен развој, ги обединува најдобрите практики од коучингот, свесноста и емоционалната интелигенција. Ова патување навнатре е дизајнирано да те поддржи во градењето на стабилна самодоверба, продлабочување на врската со себе и враќање на менталното здравје и внатрешниот мир. Преку внимателно структурирани видеа, водени вежби и сесии во живо, ќе направиш конкретни чекори кон твојот личен раст и ќе ја зајакнеш својата автентичност.

Пријави се денес и започни ја твојата внатрешна експедиција кон самодоверба, стабилност и длабок личен раст.

Што ќе ти донесе Внатрешна експедиција?

  • Програмата Внатрешна експедиција е трансформативно патување навнатре, осмислено да ти помогне да се поврзеш со своето вистинско ЈАС.

  • Ќе се сретнеш таму каде што си, ќе ги погледнеш своите делови и ќе го слушнеш својот внатрешен глас. 

  • Полека и нежно, со темпо кое тебе ти одговара, преку прашања и вежби, ќе ги спознаеш своите блокади, ограничувачки уверувања, емоции и научени шаблони, кои несвесно ти го водат животот. 

  • Ќе научиш да работиш со својот внатрешен критичар и внатрешен ментор, и ќе создадеш усогласеност помеѓу твоите вредности и постапки. А кога ќе дојдеш во контакт со себе, ќе можеш да делуваш усогласено со внатрешниот глас и да ја промениш својата состојба од збунетост во јаснотија.

  • До крајот на оваа експедиција, ќе имаш јасно и оснажено разбирање за себе, сочувствителен внатрешен дијалог и практични алатки за да се движиш низ животот со самодоверба, љубов и кохерентност.

Најважно од сѐ, ќе почнеш да се сакаш себеси со сите твои карактеристики, делови и нијанси. 

Запамети, грижата и љубовта за себе се различни од себичност и нарцисоидност.

Што ќе ти донесе ова длабоко трансформативно патување?

🧠Ќе можеш да се разбереш себеси подобро 

🌟Самодовербата ќе стане твоја вообичаена состојба

💬Ќе знаеш како да ги подобриш односите и комуникацијата со партнерот, децата, надредените, колегите, роднините и пријателите

🧭Ќе имаш храброст и јаснотија за следниот чекор

💖Себепочит, себељубов и нежно самобендисување

Што ќе ти донесе ова длабоко трансформативно патување?

Што содржи програмата?

Програмата „Внатрешна експедиција“ трае 8 недели и се состои од:

🎥 12 снимени видеа
Распределени во 8 модули, со можност да ги следиш со твое темпо.

📚 Пишани материјали
За подлабоко разбирање и поддршка во процесот на личен развој.

📝 Работна тетратка со задачи и вежби
Секој модул содржи практични вежби и прашања за интеграција на знаењето во твоето секојдневие.

💬 БОНУС: Онлајн групна сесија во живо еднаш неделно
Со мене, Викторија Јордановска, за поддршка и одговори на твоите прашања.

Што содржи програмата?

Модул 1: Подготовка за Внатрешна експедиција

Поставување на темелите за длабока внатрешна работа

🔹Клучни теми кои ги обработуваме:

  • Разбирање на концептот внатрешна експедиција
  • Важноста на поврзувањето со себе
  • Поставување намера за ова патување
Модул 2: Внатрешниот глас – Пријател или непријател?

Откривање на тајните на внатрешниот глас и преобразба на само-говорот.

🔹Клучни теми:

  • Моќта на внатрешниот глас
  • Разликување помеѓу внатрешниот критичар и внатрешниот ментор
  • Од внатрешен сомнеж кон внатрешна мудрост
Модул 3: Верувања – Рушење на старите шеми

Трансформирање на твојот систем на верувања

🔹Клучни теми:

  • Што се верувања и од каде потекнуваат?
  • Препознавање на ограничувачки наспроти оснажувачки верувања
  • Како да ги пре-програмираш верувањата за љубов кон себе?
Модул 4: Вредности – Компас на животот

Твојот пат до вистинска исполнетост и среќа

🔹Клучни теми:

  • Kако основните вредности го обликуваат твојот живот?
  • Усогласување на постапките и одлуките со твоите вредности
  • Користење на вредностите како компас за самодоверба и исполнетост
Модул 5: Нервниот систем како контролен центар 

Со контрола врз сопствениот ум до контола на животот

🔹Клучни теми:

  • Делови и функции на умот
  • Лева и десна мозочна хемисфера, свест и потсвест 
  • Емоционално регулирање
  • Невропластичност – патот до емоционална стабилност
Модул 6: Усогласеност и целосност

Живеење во хармонија со себе и светот

🔹Клучни теми:

  • Разбирање на усогласеноста помеѓу мислите, емоциите и постапките
  • Препознавање на внатрешните конфликти и нивното влијание
  • Стратегии за создавање внатрешна хармонија
  • Врската помеѓу усогласеноста и самодовербата
Модул 7: Самобендисан/а 

Создавање љубовна врска со себе

🔹Клучни теми:

  • Самосочувство како секојдневна пракса
  • Важноста на поставување граници
  • Изградба на поддржувачка рутина за грижа за себе
Модул 8: Рефлексии и чекори напред

🔹Клучни теми:

  • Преглед на твојата трансформација
  • Интегрирање на овие практики во секојдневниот живот
  • Поставување идни намери
БОНУС: Групна сесија во живо еднаш неделно

Еднаш неделно, онлајн групна сесија во живо со мене, Викторија Јордановска, каде ќе може да поставиш директно прашање за твојата ситуација.

Од реакција кон избор: тука започнува твојата нова приказна

✨ Ти не си твоето однесување кога некој ќе те навреди. 

💥 Ти не си тригерот кој ко во тебе буди лавина емоции, кога некој ќе те потсети на она што се случи тогаш… 

🌀 Твојот живот денес не мора да биде уште едно повторување на вчерашните искуства, бидејќи секој ден е нов и различен. А ти ќе знаеш како поинаку да го започнеш и да создадеш нови животни околности.

По завршување на оваа 8-неделна програма и примена на вежбите и техниките, ќе знаеш што точно да направиш во ситуација која те предизвикува. Дури и ако ти се чини дека нема решение на твојата состојба или ситуација во која си сега, оваа програма почнува од местото каде што си, какво и да е, и ти дава мали суптилни чекори за нежно да пристапиш до својата внатрешност, да ги спознаеш сите свои делови и ги претвориш во свои предности. Ќе имаш јаснотија што точно да направиш понатаму и како да ги подредиш работите во животот.

Што велат луѓето кои веќе работеа со мене

Тргни на својата ВНАТРЕШНА ЕКСПЕДИЦИЈА

Штом стигна до овој дел на страната веќе чувствуваш повик, а моментот е сега – да направиш тивок, но моќен следен чекор: пријави се на листата на чекање.
  • Прв/а дознаваш кога програмата ќе биде отворена за учесници со ексклузивна покана до твојата е-пошта;
  • Со уписот на програмата, како БОНУС, ќе ја добиеш мојата авторска книга „Внатрешна експедиција“ – интерактивна работна книга со 100+ страници, полна со водечки прашања, лични увиди, мотивациски приказни и вежби што отвораат нови светови. (Книгата ќе биде достапна да се купи, но ти ја добиваш како награда за храброста да исчекориш прв/а.)
Пријави се сега и препушти се на процесот… она што те чека навнатре е далеку повредно од сè што си очекувал/а од надвор.

     

     

    Здраво, јас сум Викторија Јордановска, твојата менторка 

    Своето внатрешно патување го започнав многу години наназад. а последниве 14 години работам како коуч и обучувачка за личен развој и себеспознавање. Како НЛП тренер и коуч, моето знаење го користам да создадам програми преку кои ги учам луѓето да се спријателат со својот ум и наместо тој несвесно да ги води, да работи како нивен сојузик и најдобар пријател. Фасцинирана сум совршеноста на човечкото тело како систем и начинот на кој функционра нашиот мозок и сметам дека колку повеќе знаеме, толку подобро ќе можеме да го искористиме да креираме поубав живот за себе. 

    Понекогаш ни треба само малку, за да направиме многу. 

    Овие техники и задачи ќе ве донесат од збунетост во јаснотија, од страв во сигурност, од несигурност во самодоверба, од тага во радост, од фрустрација во љубов кон себе и животот. 

    Твојот живот и твојата промена се твоја одговорност, а сега можеш да направиш многу за да ја промениш состјбата и сѐ што се случува околу тебе

    ЧПП

    На кој начин програмата Внатрешна експедиција ќе ми помогне да се чувствувам подобро и престанам да со самосаботажа?

    Кога ќе почнеш да ги запознаваш своите делови и слоеви ќе откриеш кој дел од тебе те саботира да го постигнеш она што го посакуваш и да се чувствуваш добро. Тогаш, преку техниките кои ќе ги научиш на курсот, ќе можеш да креираш нова релација со тој дел од себе и да започнеш живот во кој ќе бидеш својот најголем поддржувач. 

    Дали програмата Внатрешна експедиција ќе ми помогне со моето ментално здравје?

    Да, бидејќи прашањата се наменети да ти помогнат да можеш да се водиш сам/а себе. Овој пристап е особено релевантен во денешниот забрзан свет, каде што занемарувањето на себеси често останува незабележано сè додека некаква криза не нè принуди да застанеме. Затоа овде учиме да ги препознаеме првите знаци пред да влеземе во криза. Да знаеме како да ја промениме нашата состојба свесно и да избегнеме поголеми нарушувања или потешкотии.  

    Како  програмата Внатрешна експедиција ќе ми помогне во мојот личен  раст и развој?

    Со развивање на самољубов, самодоверба и автентичност, учесниците можат да го отклучат својот потенцијал да живеат целосно. Програмата е осмислена да ви помогне да изградите подлабока врска со самите себе, што е основа за личен раст и развој. Преку комбинација на практични алатки, вежби и сознанија базирани на невро-лингвистичко програмирање (НЛП), невронаука и позитивна психологија, програмата ви нуди пат кон самодоверба, самопочит и автентичност.

    Без разлика дали сте инспирирани од мојата приказна или од вашата сопствена желба за промена, оваа програма нуди алатки и насоки за да ја трансформирате вашата врска со себеси и, последователно, со светот околу вас.

     

    Што ако не можам да се вклучам на групната сесија?

    Групните сесии се во живо и нема да бидат снимани. Доколку не можеш да се вклучиш, секогаш имаш можност да дојдеш на следната и тогаш да ги поставиш своите прашања. 

    Дали може да ги заменам групните сесии за индивидуални коучинг сесии?

    Групните сесии се наменети да ти помогнат да напредуваш во програмата и се вклучени во цената. Доколку сакаш персонализирани индивидуални коучинг сесии, можеш да закажеш со дополнителен надомест. 

    Зошто нудите различни цени? Дали ја добивам истата содржина без оглед на моето плаќање? ***

    Верувам дека секој го заслужува да научи да се сака себеси, без разлика на нивните финансии. Ова е причината зошто нудам три нивоа цени – и да, ја добивате истата содржина без разлика колку ќе одлучите да платите. 

    Кога ќе одберете да платите повеќе, вашата поддршка ни помага да ги направиме нашите курсеви достапни за секого. 

    Што ако не сум задоволен/на од она што го добивам откако ќе ја купам програмата?

    Сакам да бидете среќни. Можете да го пробате овој курс без ризик, и ако не сте задоволни поради која било причина, нудиме 30-дневно рефундирање или замена за друга услуга од мене.

    Колку долго ќе имам пристап до овој курс?

    Оваа програма ќе ви биде достапна засекогаш. Одете со свое темпо, повторно посетете ги омилените лекции кога сакате и знајте дека вашата трансформативна содржина е секогаш достапна.

    Што ако имам уште прашања?

    Пиши ми на contact@vianlp.com, со задоволство ќе ти одговорам на сите твои прашања.

    Отклучи самосвест, внатрешна усогласеност и љубов кон себе – патот до исцелување.