Почетна » 1 на 1 коучинг
„Коучингот е отклучување на потенцијалот на една личност за максимизирање на нејзиниот раст.“”
– Џон Витмор
Нашата зона на комфор е место каде што сме удобни и сигурни и каде што нашите несвесни шеми ја имаат контролата. Понекогаш дури и кога не е удобно во таа зона, познато и сигурно е, и често знаеме да се заглавиме. Но, нашата зона на комфор не е место каде што растеме. Живееме во свет кој постојано се менува и нешто бара од нас и во некој момент сме или принудени да растеме и да се менуваме или чувствуваме дека е време за промена.
Токму во вакви ситуации коучингот прави голема разлика. Потребно е да видиме и да слушнеме различна перспектива за да можеме да ја прошириме нашата „мапа на светот“ или нашата перцепција. Тогаш започнуваат да се случуваат мали чуда, да се појавуваат можности и почнуваме да растеме.
Не е тоа што ви се случува што го определува вашиот живот, туку што правите во врска со тоа што ви се случува!
Коучингот е интензивен процес што ги испитува шаблоните и обрасците кои управуваат со вашето секојдневно постоење. Преку овој процес можете да го промените она што не функционира за вас и да го зајакнете она што е корисно. Поставуваме цели за вашиот личен или професионален развој, создавајќи планови и нови динамики кои ве развиваат како ваш сопствен извор. Мојата намера е да ве покажам алатки за да бидете независни. Заедно ги градиме вашите самодоверба, отпорност, фокус и грижа за себе. Го зајакнуваме вашето комуницирање и застапувањето за себе!
Во период од 3 до 6 месеци заедно ќе го трансформираме најважниот однос во вашиот живот, односот кој го имате со самите себе – од каде што доаѓа вашата моќ.
Мојот интензивен коучинг е фокусиран на вашите перформанси и раст. Внимавајте, не сум за секого! Јас сум многу селективна во изборот на клиентите и вие треба да бидете исто така! Работам со високо амбициозни и решителни личности. Сакам да ве видам успешни и ќе дадам 100 % од себе!
Вие ќе дадете 100 % од себе, 100 % од вашето време и 100 % од вашата имагинација.
Вие сте посветени на вашиот успех.
Ги имате сите ресурси што ви се потребни внатре во вас.
Заедно ќе ги оцениме вашите обрасци, веруања и однесувања. Ќе ги елиминираме ограничувачките верувања, ќе ги промениме неповолните стратегии и непотребните однесувања. Ќе инсталираме нови оснажувачки верувања, ќе создадеме нови стратегии и корисни шеми и ќе почнете да дејствувате од состојба на извонредност.
Подготвени сте да напредувате?
Контактирајте ме и ќе провериме дали ни одговара хемијата.
No posts found!
Биди прв/а што ќе дознае за сите претстојни настани и вести.