Добре дојде во магичниот свет на НЛП!

Отклучи бескрајни можности!

Play Video

„Помеѓу стимулот и реакцијата постои простор. Во тој простор е нашата моќ да го одбереме нашиот одговор. Во нашата реакција лежат нашиот раст и нашата слобода.“ 

- Виктор Франкл

Можеби се прашуваш:

  • Како можам да зборувам за да бидам разбран/а?
  • Како можам подобро да се разберам себеси и другите?
  • Зошто не сум задоволен/а во мојот живот?
  • Како можам да престанам да одложувам?
  • Што ме спречува во животот? 
  • Како можам да пронајдам јаснотија во животот? 
  • Како некои луѓе се толку самоуверени и асертивни и како можам јас да бидам таков/а?
  • Како можам да ги постигнам моите цели и да ги остварам моите соништа?
  • Како е можно да создадам можности за себе и како да го постигнам тоа?

Со НЛП ќе можеш да:

Најдеш одговори на многу прашања и да отклучиш бескрајни можности во твојот живот.

Научиш како да ги организираш твоите перцепции преку јазикот на умот за да ја создадеш твојата реалност.

Создадеш свој модел за тоа како да го програмираш, пренасочиш и модифицираш твоето однесување кон достигнување на твоите цели.

Искуство што го менува животот и ќе го промени твојот начин на размислување.
Развиј способност и фокус да се справиш со сите предизвици. Трансформирај се себеси, твојот бизнис, твојот свет.
Ќе добиеш практичен сет од алатки кои ќе ти помогнат во сите области на твојот живот.

Што е НЛП?

Невролингвистичко програмирање кое ги вклучува трите највлијателни компоненти преку кои го создаваме нашето искуство за животот: неврологија, јазик и програмирање.

Невро

Твојот ум и како размислуваш.

Лингвистичко

Како го користиш јазикот за да ја создадеш својата реалност и како комуницираш со себе и со надворешниот свет.

Програмирање

Како ги организираш твоите однесувања и активности за да го создадеш својот живот и целите во него, без разлика дали ти се допаѓаат или не.

Дали НЛП е соодветен за тебе?

Дали бараш професионален и личен развој, самодоверба, извонредна комуникација, значајни релации, успех и ефикасност во работата и во личниот живот?

Дали си лидер, претприемач, наставник, коуч, психотерапевт, маркетинг или продажен професионалец, менаџер… или во која било професија каде комуникацијата е клучот за успех и твојот начин на размислување е насочен кон остварување цели?

Дали сакаш да го забрзаш твојот успех и да создадеш живот кој целосно го уживаш? 

Ако одговори со „да“, тогаш знаеш дека твојот нов живот те очекува.Приклучи ни се, седни и уживај во возењето.

НЛП Практичар

Учење за структурата на извонредноста

Најквалитетна НЛП-обука призната од ITCA NLP
international trainers academy of nlp
Искуси го во целост Класичниот и Новиот код на НЛП
Диплома потпишана од Викторија Јордановска, Џон Гриндер, Кармен Бостик Ст. Клер и Мајкл Керол.

Што ќе добиеш?

  • Личен и професионален развој
  • Одлични комуникациски вештини
  • Зајакнување на врските и флексибилност со луѓето околу тебе
  • Нови можности во животот
  • Успешен живот
  • Поголема самодоверба и внатрешна сила

Како?

Напредно искуство за учење во мала, хетерогена група со професионалци од различни области и култури за уште повеќе да го прошириш умот. Врските создадени меѓу учесниците траат долго по ова искуство и придонесуваат за твоето континуирано образование.

Замисли, со само 8 модули можеш да создадеш потенцијал кој е поголем од твоите очекувања.

Ќе учиш преку искуство и користење на сите твои сетила, придружено со лична поддршка од твојот тренер.

8 модули

2 дена месечно

Модул 1
Во овој модул ќе научиш ефективни начини за поставување цели и техники за брзо и длабоко градење на релации.

Оваа компонента те учи како да детектираш нијанси во комуницирањето преку фокус на вербалната и невербалната комуникација, проширување на твојата свесност и создавање експертски комуникациски вештини.

Ќе научиш како да обрнеш внимание и да се поврзеш на подлабоко ниво со другите, додека твоите разговори поттикнуваат отвореност, учење и креативност.

Ќе стекнеш способност да постигнеш согласност дури и во високо конфликтни ситуации, да препознаеш различни стилови на комуникација и да го користиш јазикот за достигнување на оптимални резултати.

Ќе можеш да го читаш говорот на телото и да комуницираш на потсвесно ниво, при што ќе разликуваш најсуптилни промени на состојбата на другиот во разговорот.

Теми:
  • Историјата, потеклото и основите на НЛП и пошироко
  • Претпоставки на НЛП
  • Епистемологија и НЛП Модел на комуникација
  • Репрезентативни системи
  • Добро формулирани исходи
  • Сензорна острина и калибрација
  • Градење на релации
  • Темпирање и водење
  • Перцептивни позиции
Модул 2 + 3
На oвие две компоненти учиме начини за создавање ресурсни состојби кои придонесуваат за благосостојба во сите области на животот.

Ќе научиш како да создаваш различни состојби по потреба, како да усидруваш состојби на извонредност кај себе и кај другите, како да ги промениш несаканите верувања и модели на однесување, како да се усогласиш и да дејствуваш од позиција на конгруентност.

Ова ќе ја зголеми твојата способност за подобро користење на внатрешните ресурси и за промена на состојбите.

Учeњето на овие вештини ќе ја унапреди твојата флексибилност во користењето на решенија и ќе креираш умствен модел кој ќе те поддржува во животот. Ќе ја истражиш структурата на верувањата и ќе научиш да ги идентификуваш и менуваш ограничувачките верувања.

Теми
  • Истражување на состојби и промени на состојби
  • Хиерархија на идеи и логички нивоа
  • Модалитети и суб-модалитети
  • НЛП техники за промена на несакани однесувања и ограничувачки верувања
  • Усидрување
  • Работа со тригери
  • Создавање на ресурси преку усидрување
  • Асоцијација и дисоцијација
Модул 4 + 5
Се фокусираме на тоа како зборовите и специфичните јазични обрасци влијаат на нашите секојдневни разговори и на нашиот живот воопшто.

Овие два модули го истражуваат начинот на кој комуницираме со себе и со другите.

Ќе се фокусираш на внатрешниот дијалог кој се користи за мотивација.

Во комбинација со ефективни алатки за поставување цели, ова ја зголемува брзината на постигнување на посакуваните резултати.

По завршување на овие два модули, ќе научиш како да користиш специфични прашања за да дојдеш до коренот на нејасната комуникација, да ги разградиш големите концепти на помали делови за мотивација, да го промениш значењето или контекстот за постигнување на договори, да ги подобриш твоите преговарачки вештини и да користиш хипнотички стил на јазик за убедување.

Теми:
  • Претпоставки за јазикот и јазични обрасци
  • Мета Модел – најефективната НЛП техника за комуникација
  • Врамување и преобликување на рамките
  • Разглобување идеи и концепти
  • Милтон модел и хипнотички јазик
Модул 6 + 7
Со промена на фиксните идеи и модели што некој ги има за себе, се отвораат поголеми можности за излегување од состојбите на заглавеност.

Ќе научиш како да работиш со конфликтни вредносни системи, верувања и потсвесни механизми за постигнување на внатрешна усогласеност.

Од перспектива на НЛП, ова е начин за достигнување на внатрешна интеграција на сите наши делови и придвижување кон целосност и системско размислување.

Овие два модули се фокусираат на создавање поголем потенцијал и можности преку промена на перцептивните гледишта кои личноста ги смета за „своја реалност“.

Тука вклучуваме учење за промена на навиките и оптимизација преку примена на специфични НЛП алатки.

Теми
  • Техника: Преобликување во n-чекори
  • Неволни сигнални системи
  • Конгруентност наспроти неконгруентност: тотално усогласување
  • Интегрирање на внатрешни делови – клуч за лична порамнетост
  • Време и временски линии
Модул 8 + Сертификација
Во овој модул ќе го интегрираш НЛП како метод, став и пристап, со што ќе бидеш подготвен/а ефикасно да работиш со широк спектар на луѓе околу себе.

Ќе научиш како да користиш метафори и раскажување приказни во твоите презентации и генерално како да допреш до потсвесниот ум на своите соговорници.

Ќе бидеш способен/на да си помогнеш себеси и на другите во бројни контексти за постигнување на стратешките промени кои ги посакуваш.

Ќе го прошириш твојот сет на лидерски вештини на начин што ќе ти овозможи иновативно да ги користиш различните методи и алатки од НЛП методологијата.

Теми
  • Метафори
  • Трансформирање на фобии
  • TOTE Модел
  • Стратегии
  • Испит и сертификација

Инвестирај во себе!

Донеси пријател и добиј попуст!

*Или, регистрирај се само за првиот модул и искуси дали НЛП е за тебе

* Достапни се шеми за плаќање

Искуства на алумни

Настани

No posts found!

Биди прв/а што ќе дознае за сите претстојни настани и вести.