Module I – Communication Excellence

Во овој модул ќе научиш ефективни начини за поставување цели и техники за брзо и длабоко градење на релации.

Оваа компонента те учи како да детектираш нијанси во комуницирањето преку фокус на вербалната и невербалната комуникација, проширување на твојата свесност и создавање експертски комуникациски вештини.

Ќе научиш како да обрнеш внимание и да се поврзеш на подлабоко ниво со другите, додека твоите разговори поттикнуваат отвореност, учење и креативност.

Ќе стекнеш способност да постигнеш согласност дури и во високо конфликтни ситуации, да препознаеш различни стилови на комуникација и да го користиш јазикот за достигнување на оптимални резултати.

Ќе можеш да го читаш говорот на телото и да комуницираш на потсвесно ниво, при што ќе разликуваш најсуптилни промени на состојбата на другиот во разговорот.

Теми:

  • Историјата, потеклото и основите на НЛП и пошироко
  • Претпоставки на НЛП
  • Епистемологија и НЛП Модел на комуникација
  • Репрезентативни системи
  • Добро формулирани исходи
  • Сензорна острина и калибрација
  • Градење на релации
  • Темпирање и водење
  • Перцептивни позиции