Module I – Communication Excellence

Во овој модул ќе научиш ефективни начини за поставување цели и техники за брзо и длабоко градење на однос. Ќе научиш како да ги забележуваш нијансите во комуникацијата преку фокусирање на вербалната и невербалната комуникација. Ќе ја прошириш твојата свесност и ќе станеш експерт во комуникацијата. Ќе научиш на што да обрнуваш внимание и како да се поврзеш со другите на подлабоко ниво, а твоите разговори ќе поттикнуваат отвореност, учење и креативност. Како да постигнеш договор дури и во конфликтни ситуации, како да препознаеш различни стилови на комуникација и да го користиш јазикот за добивање оптимални резултати. Ќе можеш да го читаш говорот на телото и да комуницираш на несвесно ниво, разликувајќи ги најсуптилните промени на состојбата кај другиот со кого разговараш.