двочасовен интерактивен вебинар

Внатрешна експедиција®

Твојот пат кон самодоверба, себевреднување и себеспознавање започнува со откривање на деловите кои те прават она што си.

12. Јуни 2025, четврток

18 – 20 часот @ ZOOM

  • 00денови
  • 00часови
  • 00минути

и добиј пристап до вебинарот и подарок еКнига по цена од 880 МКД 

Колку често очекувањата од другите луѓе и општеството ти прават да се изгубиш себеси?

Дали и во твојата глава се појавува она критично гласче кое ти вели дека не си доволно добар или добра, дека ТРЕБА да постигнеш повеќе за да бидеш вреден/на?

Се споредуваш ли со оние кои се сметаат за успешни, и мислиш ли дека ти не си постигнал/а доволно?

Дали сакаш да го смениш тоа чувство на внатрешно незадоволство?

Ако одговорот на горните прашања беше потврден, тогаш си на вистинското место.

„Кога ќе почнеш да чекориш, патот се појавува“

– Руми.

Трагањето кон совршенство често не тера да мислиме дека ни фали уште нешто во животот за да бидеме подобри. А, на крајот, пак, чувствуваме празнина, ниска самодоверба, збунетост и лутина.

И еднинствен начин да го промениме тоа е да се завртиме кон себе и да се слушнеме, да почнеме да ги откриваме нашите слоеви и да дојдеме до она што не прави да бидеме она што сме. Да се спријателиме со нашите чувства и емоции и да ги разбереме.

Ние сме целовити вакви какви што сме, без да додадеме било што.

За исполнет живот нема потреба да бидеш совршен/а.

А кога ќе дојдеш до својата есенција, нема да имаш потреба да се споредуваш со другите.

На овој вебинар токму така и започнуваме. Првиот чекор за да можеш да живееш убав и исполнет живот, со мир и леснотија, е да изградиш силна врска со себе, преку себеспознавање, себевреднување и самодоверба.

Во овие два часа ќе ги поставиме вистинските прашања за да го започнеме овој процес и да почнеме да откриваме делови од себе, за кои не сме ни биле свесни дека се тука. Оваа техника ќе те научи да дојдеш до поголема самодоверба и да се засакаш со сите свои делови.

Запознај се, слушни се и види се  со длабока љубов и сочувство во големината и обликот што си.

Стани свесен/на за различните слоеви и пронајди на кој му треба твоето внимание. 

Со прифаќање на своите делови  пристигни до повисоко ниво на самодоверба и самопочит.

Што ќе промени кај тебе ова искуство?

  • ✨ Ќе се чувствуваш посамоуверено
  • 🧠 Ќе станеш свесен/на за одредени делови, чувства, мисли кои ги носиш со себе
  • ❓ Ќе започнеш да си поставуваш моќни прашања кои водат кон длабоко самопознавање
  • 👁️ Ќе добиеш нова перспектива на гледање на себе и градење на врската со себеси
  • 💖 Ќе почнеш да се прифаќаш со љубов и сочувство, без осуда
  • 🗺️ Ќе можеш да создадеш личен патоказ за промените што ги посакуваш

Гледај шеми,

не проблеми

Научи како стравовите, сомнежите и однесувањате се дел од една поголема шема вкоренета во личната историја.

Разбирањето е првиот чекор кон промената.

Усогласено со твоето
уникатно патување

Ова не е единствен пристап кој одговара на сите – туку лична експедиција, обликувана од твоите уникатни искуства и размислувања, за да ти помогне да ги мапираш промените што сакаш да ги направиш.

Фокус на нештата врз кои имаш контрола

Не можеме да го промениме нашето минато, но можеме да го преобликуваме начинот на кој реагираме на него. Стекни увиди и алатки за да го промениш внатрешниот дијалог и да развиеш нов пат напред.

Какви се искуствата на учесниците?

Што ќе добиеш?

  • 🎓 Двочасовно искуство со Викторија кој ќе те води низ процес на самоспознание и откривање. Подготви си лист хартија, бои, и секако… твојата љубопитност. Ова е еден креативен процес креиран да ги активира двете мозочни хемисфери, што е патот до баланс.
  • 📘 Е-книга „10 моќни прашања“ што ќе ја продлабочат твојата ВНАТРЕШНА ЕКСПЕДИЦИЈА и ќе ти помогнат самостојно да продолжиш со процесот.
  • 🎥 Снимка од вебинарот достапна 72 часа, во случај да не можеш да присуствуваш.

Какви се искуствата на учесниците?

Време е да го смениш внатрешното незадоволство, нели?

Ако да, тогаш…

Здраво, јас сум Викторија Јордановска, твојата менторка

Своето внатрешно патување го започнав многу години наназад, а последниве 14 години работам како НЛП тренер и коуч, и обучувачка за личен развој и себеспознавање. Mоето знаење го користам да создадам програми преку кои ги учам луѓето да се спријателат со својот ум – наместо несвесно да ги води, да работи како нивен сојузик и најдобар пријател. Фасцинирана сум од совршеноста на човечкото тело како систем и начинот на кој функционира нашиот мозок. Сметам дека колку повеќе учиме како работи овој систем, толку подобро ќе можеме да го искористиме да креираме поубав живот за себе.

„Сè што ти е потребно е внатре во тебе, само треба да знаеш како да го повикаш, како да пристапиш до тоа знаење кога ти е потребно.“

Направи го првиот чекор кон својата ВНАТРЕШНА ЕКСПЕДИЦИЈА

Вебинар „Внатрешна експедиција“ + еКнига „10 моќни прашања“

цена 880 МКД

(вредност од 6000МКД)

12. Јуни 2025, четврток

18 – 20 часот @ ZOOM

  • 00денови
  • 00часови
  • 00минути

ЧПП

Зошто цената на вебинарот е толку ниска?

Целта ми е што повеќе луѓе да можат да дојдат на овој вебинар, за да можат да ја откријат таа себељубов, себепочитување и себевреднување, и затоа цената изнесува само 880 денари.

Дали треба да имам претходно искуство со техники за личен развој за да учествувам?

Не, вебинарот е дизајниран за секого – без разлика дали штотуку започнуваш со личен развој или веќе имаш искуство со техники за самоистражување.

Колку време трае вебинарот?

Вебинарот трае два часа, вклучувајќи водена сесија и вежби за самостојна работа.

Дали добивам материјали што можам да ги користам и по завршувањето на вебинарот?

Да! Ќе добиеш е-книга со моќни прашања кои ќе ти помогнат да одиш подлабоко во својата ВНАТРЕШНА ЕКСПЕДИЦИЈА.

 

Што ако не можам да го следам вебинарот во живо?

Вебинарот нема да се снима, затоа доколку не можеш да присуствуваш во живо, следи ги моите социјални медиуми и пријави се на следната работилница. Без грижи, планирани се неколку низ целата година!  

Како да се пријавам на вебинарот ВНАТРЕШНА ЕКСПЕДИЦИЈА?

Само кликни на копчето „Регистрирај се“, ќе те проследи до сајтот на kupikarta.com каде можеш да купиш карта за вебинарот ВНАТРЕШНА ЕКСПЕДИЦИЈА. Само следи ги упатствата за плаќање и по уплатата ќе добиеш информации за пристап до вебинарот на мејл.

Дали ќе има можност за прашања и одговори?

Да, на крајот на вебинарот ќе има посебен дел за прашања каде што можеш да добиеш дополнителни објаснувања.

Ти благодарам што си тука и што одвои неколку минути да ги прочиташ сите детали.

Вебинар „Внатрешна експедиција“ + еКнига „10 моќни прашања“

цена 880 МКД

(вредност од 6000МКД)

Се гледаме на првиот чекор од твојата Внатрешна експедиција

12. Јуни 2025, четврток

18 – 20 часот @ ZOOM

  • 00денови
  • 00часови
  • 00минути