„Комуникацијата е за релациите она што дишењето е за животот“” 

– Вирџинија Сатир

КОМУНИКАЦИЈА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА И ЛИЧНА ИЗВОНРЕДНОСТ

Play Video

Научи вештини за да станеш извонреден комуникатор и да можеш да создадеш пријатна атмосфера околу сите твои интеракции.

Квалитетот на твојата комуникација го одредува квалитетот на секој аспект од твојот живот! И ти можеш да станеш одличен комуникатор!

Комуникацијата е голем чадор кој покрива и влијае на сè што се случува меѓу луѓето.

Како преживуваме, како се поврзуваме со себеси, како се поврзуваме со другите, како развиваме интимност, колку сме продуктивни, колку сме мотивирани… сето тоа во голема мера зависи од нашите комуникациски вештини.

Квалитетот на твојата комуникација го одредува квалитетот на секој аспект од твојот живот!

Оваа тридневна обука, каде учиш преку искуство и меѓусебно поврзување, ќе ги подигне твоите комуникациски вештини на поинакво ниво.

Ќе научиш:

  • Ефективни начини за поставување цели.
  • Брзи и длабоки техники за градење на несвесна согласност.
  • Детекција на нијанси и фокус на вербалната и невербалната комуникација, проширувајќи ја твојата свесност и правејќи те експерт во комуникацијата.
  • Како да се поврзеш на подлабоко ниво со другите, додека твоите разговори поттикнуваат отвореност, учење и креативност.
  • Како да добиеш согласност дури и во конфликтни ситуации, способност да препознаеш различни комуникациски стилови и да го користиш јазикот за постигнување на оптимални резултати.
  • Ќе научиш како да читаш говор на телото и да комуницираш со потсвеста на другите, и да ги разликуваш и најсуптилните промени во состојбата на другиот за време на еден разговор.

За кого?

Ако го читаш ова, знам дека сакаш да ги усовршиш твоите комуникациски вештини во приватниот и во професионалниот свет на кој припаѓаш.
Замисли си само кој е ефектот кога еден тим ќе научи ефективно да комуницира меѓу себе?


Оваа обука е наменета за луѓе кои сакаат да ги усовршат своите комуникациски вештини во полето на личниот и на професионалниот развој. Во денешната конкурентна бизнис-средина, комуникациските вештини се од суштинско значење во големите и малите бизниси. Од директори, менаџери за човечки ресурси, обучувачи, претприемачи, тимски менаџери, до ИТ и маркетинг професионалци, сите можат да научат и практикуваат како да ги користат своите комуникациски вештини за професионална и лична извонредност со одлично водство од нашиот тренер.

Искуства на алумни

Направи го првиот чекор сега!

Значењето на твојата комуникација е одговорот што го добиваш. Ако не го добиваш одговорот што го сакаш, промени го она што го правиш.

Настани

No posts found!

Биди прв/а што ќе дознае за сите претстојни настани и вести.