Почетна » Преговарачки вештини за секојдневен успех
"Во бизнисот како и во животот, не го добиваш тоа што го заслужуваш, го добиваш тоа што ќе го испреговараш."
– Др. Честер Карас
Состанокот почнува со план. Завршува со компромис, што не беше дел од планот.
И после тоа доаѓа она тивко прашање:
„Каде ја изгубив насоката?
Преговарањето не се губи во разговорот.
Се губи во подготовката.
Во моментот кога влегуваш без јасна насока и стратегија, импровизираш и ја губиш влијателната позиција.
Кратко и јасно.
А замисли како…
Влегуваш на состанок со јасно дефинирана позиција.
Имаш стратегија за текот на разговорот.
Ги предвидуваш прашањата пред да бидат поставени.
И кога доаѓа притисок…
Не реагираш.
Водиш.
Токму тоа е целта на новата програма „Преговарачки вештини за секојдневен успех“
За луѓе кои работат со одлуки.
Со луѓе.
Со ризик.
И сакаат да имаат структура во процесот.
По 90 минути (интерактивни и динамични)
10:00–16:00 во Скопје
(простор каде можеш да пробаш, да згрешиш и да научиш, затоа што само така се гради сигурност. Ќе добиеш практично искуство, преку игра на улоги, фидбек и персонализиран коучинг)
Готови скрипти, вежби за говор на телото, НЛП комуникациски модели и техники базирани на невронаука
Ова е најчестото прашање што го слушам.
Затоа што има многу обуки каде што знаењето останува… на хартија.
Овде работиме поинаку.
Ќе вежбаш.
Ќе влезеш во сценарија.
Ќе направиш грешка тука –
за да не ја направиш таму каде што чини.
И тоа прави разлика.
И најважно…
„Дали ова навистина вреди за цената?“
Само размисли колку чини една лоша одлука.
Или една пропуштена зделка.
Секој разговор во кој не си се изразил/а?
Секое „да“ што сакал/а да биде „не“?
Ова не е трошок.
Ова е вештина што ќе ја користиш цел живот.
Во секојдневието, но и на рабоата носиш одлуки што имаат последици;
Работиш со луѓе и интереси;
Сакаш структура во комуникацијата.
👉 Преговорите не се случуваат само на маса.
Тие се случуваат секој ден.
Кога бараш покачување.
Кога поставуваш граници.
Кога продаваш.
Кога се обидуваш да бидеш разбрана/разбран.
И секој пат кога не знаеш како да водиш разговор —
некој друг го води наместо тебе.
Јас сум Викторија Јордановска — фасилитатор со долгогодишно меѓународно искуство во преговарање, NLP и применета невронаука.
Во работата ги поврзувам истражувањата со реални ситуации од секојдневието, за вештините да не останат „теорија“, туку да станат нешто што природно го користиш.
Најважно ми е едно:
да видиш вистинска промена кај себе — не само да научиш, туку и да примениш.
Ако чувствуваш дека е време…
Те канам да се приклучиш.
Бројот на места е намерно ограничен за да се обезбеди висококвалитетна практика и индивидуално внимание.
Кликни на ова копче за детали околу цените и попустите и резервирај го своето место на време.
No posts found!
Биди прв/а што ќе дознае за сите претстојни настани и вести.
